Повеќе од 200 странски државјани, меѓу кои и членови на македонска делегација, ноќеска беа евакуирани од зградата на Парламентот на Босна и Херцеговина во Сараево со силно полициско обезбедување по целодневната заложничка драма што ја приредија неколку илјади демонстранти барајќи од босанските власти итно да донесат закон за единствен матичен број на граѓаните.
Меѓу заложниците на протестите беше македонската делегација на чело со вицегувернерката на Народна банка на Македонија, Маја Кадиевска – Војновиќ, кои присуствуваа на годишното собрание на Европскиот фонд за југоисточна Европа.
Според босанските медиуми, блокадата била отстранета околу четири часот по полноќ откако било одобрено од демонстрантите.
Околу два часот бил избегнат тежок инцидент откако странците што се наоѓале во зградата се обиделе на сила да излезат судирајќи се со обезбедувањето, јави БХТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.