Заложничката драма во американското градче Јоунтвил во Калифорнија заврши со тројца убиени заложници. Напаѓачот, 36 годишниот Алберт Вонг, исто така бил најден мртов од страна на полициските сили кои упаднаа во локалниот центар за ветерани.
Вонг, кој и самиот бил ветеран и посетувал програма за помош во центарот, зема заложници во петокот. Полицијата седум часа се обидуваше да преговара со напаѓачот кој дошол подготвен за опсада и носел панцирен штит на телото. Неговите жртви се три жени кои работеле во центарот. Центарот во Јоунтвил, во близина на Сан Франциско, е еден од најголемите од тој вид во САД и во него грижа примаат над 1.000 ветерани, некои од нив од Втората светска војна и од Виетнамската војна
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.