| четврток, 6 декември 2018 |

Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија

Tрадиционалниот концерт на Сараевската филхармонија, оваа година во знакот на Македонија!

СоПоздрав од Скопје” солистите на Македонската опера и балет, Наде Талевска (сопран) и Никола Стојчески (тенор),  вчера (1 јули) го отворија меѓународниот фестивал на културата во Сараево Башчаршиски ноќи. Со оркестарот на Сараевската филхармонија диригираше маестро Иван Еминовиќ. Нашите солисти беа поздравени со бурни овации, достоинствено претставувајќи ја нашата земја.

Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата во Сараево, Босна и Херцеговина. Со домашните ансамбли и солисти, со гостувањето на многу европски и меѓународни уметници, секој јули станува вистински центар на културата, а целиот град е во специјална фестивалска атмосфера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top