| четврток, 6 декември 2018 |

Сараево подготвено го пречекува Ердоган

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе пристигне во Сараево, каде што треба да одржи предизборен митинг во пресрет на предвремени избори во Турција закажани за 24 јуни.

Ердоган работната посета ќе ја започне во зградата на Претседателството на Босна и Херцеговина, каде што ќе биде дочекан од бошњачкиот член на претседателството, Бакир Изетбеговиќ, а потоа ќе бидде одржан и предизборниот митинг во олимписката сала „Зетра“, по што е закажано и обраќање за медиумите.

Предвидена е и прошетка по Башчаршија како и свечена церемонија на која на Ердоган ќе му биде врачена титулата почесен доктор од страна на Меѓународниот универзитет.

Во Сараево, сè е подготвено за добредојде на претседателот Ердоган.

Плакати се залепени низ целиот град, а внатрешноста на салата е прекриена со турски знамиња. Транспаренти за добредојде на Ердоган, се поставени на зградите на институциите, но и на угостителските објекти.

Големо платно со неговиот лик се наоѓа на зградата на Меѓународниот универзитет, каде што ќе тој ќе одржи предавање за студентите.

На митингот во „Зетра“ се очекува присуство на меѓу 15.000 и 20.000 приврзаници на Ердоган од БиХ, земјите од регионот и европските земји како Австрија, Германија и Холандија, а според најавите, собирот ќе трае цели осум часа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top