| четврток, 6 декември 2018 |

27 лица повредени во челен судир на трамваи во Берлин

Вкупно 27 лица се повредени при челен удар на два трамваи на градската железница во федералната германска престолнина, објави берлинскиот весник „Тагешпигел“.

Портпаролот на пожарникарските служби истакна дека настраданите добиле „претежно полесни повреди“ со оглед на тешката несреќа.

Сигналот за инцидентот дошол во 11:53 часот (по локално време). Првичните извештаи за тешко настрадани не беа потврдени. И двајцата машиновозачи кои управувале со трамваите, се однесени во болница. На место се испратени бројни тимови.

До моментов остануваат нејасни причините за судирот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top