| четврток, 6 декември 2018 |

Ало, вашата ќерка е мртва: Потресни исповеди на семејствата на настраданите во верижниот судир!

Слушнав на вести дека се случил верижен судир кај Јагодина, па и звонев на ќерка ми Марија, бидејќи знаев дека со автомобилот тргна по тој пат. Телефонот долго ѕвонеше, а потоа се јави маж кој се претстави како полицаец и ми рече дека мојата ќерка е мртва. Ова на роднините им го раскажал таткото на Марија Чајетинац(33) од Дубље кај Трстеник, една од осумте жртви на стравичниот верижен судир кој во вторникот се случи на автопатот кај Јагодина.

Марија страдала додека од Белград одела накај дома кај родителите. Роднините на несреќната девојка велат дека слушнале за страшната несреќа од медиумите, но дека не знаеле дека една од жртвите е Марија.Како што раскажуваат Марија била гордост на семејството.

-Замина од селото за да студира во Белград. Татко и има приватна фрима, па таа половина време живееше во село, а половина во Белград. Не беше мажена. Инаку во автомобилот со Марија било и нејзиното куче, кое секаде го водеше со себе. Тој не е пронајден- велат роднините на Марија.

Еден од жртвите е и Пеѓа Антонијевиќ(31) од Пирот. Имено Пеѓа возел камион, излегол од возилото како би помогнал на повредените во судирот, но во тој монент на него налетал камион и го фрлил на шлепер. Несреќеното момче останало приклештено меѓу двете товарни возила и починал. Зад себе оставил тригодишен син, сопруга, брат и неутешни родители. Тој практично го издржувал целото семејство- тврдат блиските на Пеѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top