| четврток, 6 декември 2018 |

Шестчлено семејство од Шведска доживеа сообраќајка на патот Охрид – Кичево

Шведски граѓани заедно со своите четири малолетни деца, доживеале сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево, откако преминале на другата лента од патот и удриле во друго патничко возило. При несреќата, со повреди се здобиле сопатничката од Шведска, едно од нејзините деца, и возачот на другото патничко возило, пренесуваат од МВР.

-На 08.08.2018 година околу 08.20 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево, на крстосницата за с.Ново Село-с.Црвена Вода, патничко возило „Фолксваген“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (37) од Струга, во кое се превезувале А.С.З. (36), Џ.З. (32) и четири деца на возраст од 14, пет , три и една година, сите од Шведска, преминал на спротивната коловозна лента и удрил во патничко возило „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (34) од с.Ново Село, општина Дебарца. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Цитроен“-Б.П. и сопатничката во возилото „Фолксваген“ – А.С.З., додека со телесни повреди се здобило едногодишното дете. Тие биле задржани на лекување во болницата „Св.Еразмо“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид- додаваат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top