| четврток, 6 декември 2018 |

Шлепер го смачкал автомобилот: Загинала девојка, пожарникарите со часови го сечеле возилото за да дојдат до телото

Една девојка загина, а повеќе лица се повредени синоќа при верижен судир на неколку возила на автопатот Белград- Нови Сад.

Како што јави Танјуг, судирот, во кој учествувале камион и неколку автомобили, се случил околу 21:45 часот на делницата од автопатот меѓу местата Нови Карловци и Стара Пазова.

Според неофицијалните информации, до несреќата дошло кога автомобилот марка БМВ со голема брзина му го пресекол патот на шлеперот, кој изгубил контрола и влегол во лентата за спротивен правец, судирајќи се со возилото во кој се наоѓала настраданата девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top