Аргентинскиот играч за врска, Евер Банега после само една сезона помината во Италија, одлучи да се врати назад во шпанска Примера. Банега пристигна во Интер минатото лето како слободен играч откако му истече договорот со Севилја, но откако Аргентинецот не успеа да се наметне на „Џузепе Меаца“ сега и официјално се врати назад во Андалузија.
Шпанскиот клуб денес потврди дека е постигнат тригодишен договор со Евер Банега, а Севилја на италијански Интер за неговите услуги ќе мора да исплати 9 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.