Украден е полициски хеликоптер кој испуштил две гранати на зградата на Врховниот суд во Каракас, изјави Николас Мадуро, претседателот на Венецуела, кој додаде дека е спречен терористички напад. Целта на нападот била да се симне од власт актулениот претседател на Венеција.
– Ги активирав сите вооружени сили да го бранат мирот. Порано или подоцна, ќе го најдеме тој хеликоптер и оние кои го извршија нападот – изјавил Мадуро.
Мадуро наведува дека во нападот никој не е повреден и дека една од испалените гранати не експлодирала.
Според неговите зборови, хеликоптерот кружел и над зградата на министерството за правда и внатрешни работи.
Мадуро тврди дека со хеликоптер управувал пилот кој работел за поранешниот министер за правда и внатрешни работи Мигел Родригез Торес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.