Властите во Венецуела истражуваат кражби на животни од зоолошката градина во западната сојузна држава Зулиа кои најверојатно се украдени за храна.
Ова е уште еден знак дека населениетото во оваа земја гладува поради хроничиниот недостаток на храна, пренесуваат медиумите.
Полицијата соопшти дека се украдени две животни, од родот на диви свињи, во градот Маракаибо на границата со Колумбија.
Хаотичната ситуација во Венецуела предизвика хроничен недостаток на храна што натера милиони луѓе да бараат храна каде било, како контејнери за смет.
Исто така, недостатокот на храна претставува опасност и за животните во зоолошките градини поради што голем број од нив гладуваат и од минатата година до сега во Каракас угинале 50 животни. Властите негираа дека животните угинале од глад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.