| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Во блиска иднина нема да има воени акции против Венецуела

Белката куќа соопшти денеска дека во „блиска иднина“ нема да има вооружени интервенции во Венецуела. Ова соопштение беше дадено две недели откако американскиот претседател Доналд Трамп навести дека се можни воени акции во Венецуела.

– Ние секогаш разгледуваме широк спектар на можности за развој на ситуацијата во иднина, наведе советникот на Трамп за национална безбедност Херберт Рајмонд Мекмастер на прес­ конференцијата во Белата куќа.

– Каква било одлука ќе биде донесена заедно со партнерите во регионот, „а воени акции не се предвидени во блиска иднина“, налгаси Мекмастер.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна уредба со што на американските банки им се забранува да склучуваат нови финансиски договори со венецуелската Влада и државниот нафтен гигант „Петролеос де Венецуела” (ПДВСА). Белата куќа истакна дека санкции се наложени со цел да се изврши притисок врз Владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ја прекине неговата „тиранија“.

Сепак, Белата куќа напоменува дека уредбата дозволува американското Министерство за финансии да издава лиценци за други трговски и хуманитарни трансакции, увоз и извоз на нафта и трансакции со огранокот на ПДВСА ­ „Китго“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top