| четврток, 6 декември 2018 |

Совети од Жан Митрев: Како да препознаете срцев удар…

Како да препознаете срцев удар? -кардиологот Жан Митрев дава неколку насоки за тоа како да се препознаат симптомите на срцев удар, но и како да постапите во таква ситуација…

1. Болката за време на срцев удар луѓето ја опишуваат како неподнослива.

2. Обично болката се појавува во средината на градите и може да се шири надолу кон левата рака или грбот.
3. Болката може да се рашири дури и кон вратот, забите и вилицата.

4. Интензитетот на болката може да се разликува.
5. Оваа состојба трае повеќе од 5 минути и не влијае на дишењето.

6. Се појавува трнење во левата рака, а исто така може да се почувствува и моментално студенило, гадење, па дури и повраќање.

Доколку ги имате овие симптоми повеќе од 5 минути повикајте брза помош или замолете некој да ве однесе до најблиската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top