Светската тенисерка, Американката Серена Вилијамс која во август треба да се породи ја раскажа својата животна и љубовна приказна за „Венити фер“. Вилијамс која е во поодмината бременост се сликаше гола за насловната страница на магазинот, а фотографиите се дело на Ени Лебовиц.

Вилијамс во интервјуто открива дека дознала за бременоста кратко пред „Австралија опен“ каде што победи.
Исто така, открива и дека ѝ биле потребни шест теста за бременост (сите позитивни) за да поверува дека навистина го очекува своето прво дете.

– Некој да ми кажеше минатиот октомври или ноември дека ќе имам бебе, не дека сум бремена, туку дека ќе имам бебе, ќе му кажев дека е најголемиот лажго на целиот свет – вели идната мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


