| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс призна зошто го облече црниот костим на Ролан Гарос

Откако американската тенисерка Серена Вилијамс објасни зошто го облече црниот костим на Ролан Гарос, отвореното првенство на Франција кое е е во тек, во списанието „Харпер’с базар“ се појави во нов костим, со сличен крој, но шарен.

За списанието таа објаснува дека не била секогаш полна со самодоверба и оти и биле потребни години за да го засака своето тело онакво какво што е навистина. Меѓу другото, признава дека тешко и паѓало растењето покрај сестрата Венус.

– За мене, тоа беше многу тешко. Очигледно беше дека сум многу поинаква од неа. Таа беше висока, тенка, убава, а јас бев покрупна. Телото ми беше во мускули. Бевме многу различни. Во еден момент посакав да ослабнам, а денес се прашувам зошто ми паднала таква идеја на памет. Ова сум јас, ова е мое тело, тоа е моето оружје – вели Серена.

На славната тенисерка со најмногу трофеи и е драго што минала низ такви фази во животот, бидејќи подобро ќе ја разбере ќерка си, ако и таа има такви мисли.

– Можам да и кажам дека и јас се борев со истиот проблем, но дека сега сум среќна со она што го имам и како изгледам – заклучува најуспешната тенисерка на сите времиња.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top