| четврток, 6 декември 2018 |

Серена Вилијамс ли е, Црн пантер ли е?

Серена Вилијамс, најуспешната во историјата на тенисот, се врати на теренот и тоа облечена како „Црн пантер“. Таа во 2. коло на францускиот гранслем слвеше против Плишкова од Чешка со 7-6,6-4.

Но, Серена го привлече вниманието поради својата облека. Таа лани стана мајка, која и покрај многуте проблеми во бременоста на крајот роди здрава ќерка.

Во Париз таа се појави облечена во својот омилен суперхерој, „Црниот пантер“ сакајќи да им даде поддршка на сите мајки кои имале тешка бременост и продолжиле да веруваат во себе.

– За сите мајки кои минале тешка бременост и кои мораа да минат сешто за повторно да бидат на 100% и да веруваат во себе. Дали и некоја друга го сака костимот на „Црниот пантер?“ – истакна 36-годишната Серена по мечот.

Освојувачката на 23 грандслем титули во февруари играше на Индијан Велс, а Ролан Гарос е нејзин прв гранслем турнир по освојувањето на минатогодишниот Австралија опен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top