| четврток, 6 декември 2018 |

Држењето диети значи незадоволство од партнерот

Оние кои имаат нестабилна врска или пак сакаат да ја прекинат истата се мотивирани да ја одржат својата линија витка. Оние кои се среќни во љубовта се поопуштени и најчесто не внимаваат многу на линијата, покажува едно истражување.

Среќниот брак или врска има за резултат зголемување на телесната тежина на партнерите, а задоволството во љубовта има негативен ефект на физичкиот изглед. Причината за поврзаноста на среќата со телесната тежина се крие во тоа што партнерите едноставно се чувствуваат сакани, се опуштаат и помалку водат грижа за физичкиот изглед.

Дебелеењето не настанува наеднаш туку постепено. Психологот Андреа Л. Мелцер, која го водела ова истражување, вели дека среќните парови не внимаваат на телесната тежина, додека спротивно на нив, несреќните парови се мотивирани да изгледаат привлечно за да пронајдат нов партнер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top