Во кривичниот суд за денеска е закажано судење против Љупчо Стојановски, дедо на починатата Тамара од Велес, кој на 1 јуни годинава пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Тој се товари за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од извршување на истото кривично дело.
Инцидентот се случи на 1 јуни годинава пред Министерството за здравство. Според она што го кажал пред полицијата, дедото на Тамара дошол утрината сам во Скопје. Го чекал Тодоров дома, но ексминистерот не се појавил. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога тој се појавил, почнал да пука кон него. За среќа, Тодоров не беше повреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Никола Тодоров сведочи за настаните на 27 април
-
Тројца тинејџери од Тетово ќе одговараат за обид за убиство: Избол 17 – годишник со нож, па со мајка му се пријавил во полиција
-
Српската естрада под истрага: Уапсени двајца пејачи на „Гранд“ поради обид за…
-
Очевидец на обидот за убиство на сопственикот на „Динамо Загреб“ обелодени која била првата реакција на Мамиќ