Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан денеска одржа заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев по присуството на тематска владина седница посветена на итните реформски приоритети за евроинтеграциите.
Тој најави дека утре во земјата ќе пристигне и Прибе со тимот на експерти кои ќе и помогнат во однос на итните реформски приоритети чија цел, како што истакна, не е да се задоволи ЕУ, туку подобрување на условите на животот за граѓаните. Ден потоа во земјава ќе пристигне и делегација од Директоратот за проширувњае при ЕК.
Заев истакна дека Владата отвора ново поглавје во однос на реформите за евроинтеграциите, а присуството на Хан на седницата на Владата претставува силен сигнал дека евроинтеграцијата не е повеќе сон, туку реалност.
Тој посочи дека целта е земјата од Европската комисија до крајот на годината да добие позитивна оценка и чиста безусловена препорака за почеток на пристапните преговори. За таа цел денеска пред Хан бил презентиран и Акциски план – патоказ што треба да се финализира до 1 јули со реформи во клучни области како што е владеење на правото, независни регулаторни тела, слободни медиуми што произлегуваат од Договорот од Пржино, Извештајот на Прибе, Рамковниот договор и извештаите на ЕК за напредокот на Македонија.
Еврокомесарот Хан денеска во Скопје треба да се сретне и со претставниците на политичките партии застапени во Собранието ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА и со Алијансата на Албанците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.