Дирекцијата на трката за Големата награда на Азербејџан, не нашле доказ дека Луис Хамилтон ги тестирал сопирачките или ненадејно притиснал на педалата за гас, за време на инцидентот со Себастијан Фетел.
Возачот на Ферари е убеден дека Британецот ги тестирал сопирачките на излезот од 15-от свиок. Меѓутоа телеметријата, која никогаш не греши, покажала дека Хамилтон не направил никаква грешка.
ФИА уште во текот на трката спровела истрага која покажала дека Хамилтон на ист начин се однесувал на тој дел од патеката и за време на првото излегување на безбедносното возило.
„Знаеме дека лидерот jа диктира брзината, но ние излегувавме од тој свиок. Тој забрзуваше, а потоа ненадејно запре, поради што јас не успеав да сопрам веднаш“, рекол Фетел.
Германецот, откако удри во Хамилтон, потоа го мина и уште еднаш го закачи неговиот болид, поради штo од дирекцијата на трката доби казна од 10 секунди.
Фетел доби и три казнени поени, поради што во изминатите 12 месеци има веќе девет казнени поени и му се заканува суспензија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.