Седум лица, од кои две деца, загинаа денеска во северниот дел на Индија, откако бор падна врз кабина на жичара, по што таа се откачила и паднала, соопшти полицијата.
По инцидентот, околу 150 лица останале заглавени во другите кабини во туристичкото место Гулмарг, но подоцна биле безбедно евакуирани. Шефот на полицијата во Гулмарг соопшти дека дрвото удрило во една од кабините, поради што таа се откачила и паднала на земја од височина од околу 30 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.