| четврток, 6 декември 2018 |

Дали европската унија ќе остане принципелна во однос на најавената партизација во судството од СДСМ

Новата Влада предводена од СДС најави целосни промени во Судскиот совет. Владата предвидува измени во законот за начинот на кој се избираат членовите на Судскиот совет, во моментов законот предвидува пет члена на судскиот совет да се избираат по предлог на претседателот на Парламенотот и Претседателот на Република Македонија, а пак другите осум од челновите да бидат избрани од редот на самите судии. Со овој закон ќе дојде до целосна промена на сите 13 судии кои го сочинуваат Судскиот совет.

Судскиот совет ја има можноста да избира и да разрешува судии. Владата на СДСМ најави целосен реизбор на судиите во македонското судство, па поради тоа им е потребна целосна контрола врз иснтитуцијата за да можат да ги спроведат своите анти реформи кои ќе доведат до целосна партизација на судството.

На слични вакви најавени законски измени во Полска, Европската Унија и Европската Комисија жестоко реагираше. Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер на 13 јануари токму на прво место на агендата на Комисијата ја постави дебатата за владеење на правото во Полска.

На дебатата се расправало за контроверзниот закон со кој ќе се реформира Уставниот суд во Полска. Промените во законот предизвикале жестоки реакции од невладините организации кои се занимават со владеење на правото во Полска како и закани од Европската Комисија меѓу кои и заканата за одземјање на правото за гласање во сите евроспките институции на Полска.

Прашањето е дали Европската Унија ќе остане принципиелна во однос на спроведување на своите политики за владеење на правото. Прибе во својот извештај беше дециден дека Македонија нема проблем со законите туку со нивното спроведување. Дали на Македонија и е потребна нова законска мерка која ќе доведе до целосна партизација на судството во Македонија и дали Европската Унија навреме ќе интервенира и ќе ја спречи оваа анти реформа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top