Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се – се вели во соопштението на СДСМ.
Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.
Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум а сега нема јасен став.
Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата.
Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО.
Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина.
На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет.
Да за македонската иднина – стои во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
СДСМ ВО 2014: Ерга омнес е неприфатливо
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и картелот на власт спроведуваат грабеж како од дивиот запад
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ