Откако Зоран Заев ја посочи Македонија како виновник за соседните политики кон земјата, и достојно на неговата изјава дека „патриотизмот не му прилега“, ја обвини Македонија за национализам, по посетите на Атина и на Софија и распродажбата на историјата, сега пристигнува сметката од таму.
Имено, на вчерашната средба во атина меѓу бугарскиот и грчкиот претседател, Румен Радев и Прокопис Павлопулос, двајцата сложно истакнале дека „Земјите од Балканот мора да ја почитуваат историјата и да развиваат добрососедство, доколку сакаат да влезат во Европската Унија и во НАТО.
Посетата на Радев на Атина доаѓа во време кога се зголемува фокусот за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.
Павлопулос, според бугарските медиуми истакнал дека Грција го поддржува влезот на земјите од регионот во ЕУ и во НАТО, но само откако ќе ги исполнат условите, а соседните земји ќе го „почитуваат меѓународното право и европските достигнувања“.
Радев се надоврзал дека без заемно почитување на историјата не може да се почнат преговори со ЕУ.
– И Грција и Бугарија ги поддржуваат овие земји и ќе продолжат да ги поддржуваат, но треба да ги исполнат условите за членство. Многу важни услови за Балканот се добрососедските односи и меѓусебното почитување на историјата. Тие треба да бидат задолжителен услов за почнување преговори за членство – порачал Радев по средбата со Павлопулос во Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.