Агенцијата на албански јазик ИНА објавува дека Ахмети и Села договориле соработка за локалните избори во октомври против Заев. Заев, како наведува агенцијата како никогаш до сега почнал подготовки за освојување на регионите со албанско население.
„Охрабрен и заведен од големиот број на албански гласови на парламентарните избори Заев ќе се натпреварува со албанските кандидати во регионите со претежно албанско население. Ова сценарио на големи го загрозува Струга и Кичево“, додава агенцијата.
ИНА го цитира и Мухамед Зекири, кого Заев го постави за потпрестедател на партијата, и неговата убеденост дека на локалните избори партијата ќе добие уште поголема поддршка од албанските гласачи и дека „во неколку општини каде што мнозинството се Албанци, партијата ќе има свои градоначалници“.
Од друга страна, партнерите на Заев, партиите на Села и на Ахмети подготвуваат план да го спречат тоа сценарио. ИНА од свои извори објавува дека ДУИ и ДР-ДПА веројатно заедно ќе се настапат во Струга и Кичево, а не се исклучува можноста на оваа коалиција против Заев да се приклучат и други албански партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.