Кога Меланија се облекува лежерно, тоа не значи евтино. Последниве денови модните магазини ги кометираат лежерните комбинации што ги носеше викендов во Кемп Дејвид.
Последната комбинација вклучува каки џинс (чија цена е околу 200 долари), бела кошула и модни додатоци. Чантата од „Селин“ чини околу 3.000 долари, додека Маноло Бланик сандалите од питон речиси 800 долари. Со кошулата и очилата за сонце, чијашто цена не се открива, оваа едноставна комбинација чини преку 4.000 долари.
Претходно се поајви во прекрасен кошула-фустан на Габриела Херст, чија цена изнесува речиси 1.800 долари, а во комбинација со ремен од „Мајкл Корс“ и кафени кожени балетанки. Значи тоа се повторно над 2.000 долари.
Првиот ден во Кемп Дејвид Меланија се појави во панталони и маица од „Долче и Габана“, кои чинат повеќе од 2.000 долари, „Биркин“ чанта од „Ермес“ од околу 10.000 долари.
Сите комбинации чинат преку 18.000 долари, секако многу поскромно од палтото од „Долче и Габана“ кое чинеше преку 51.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.