| четврток, 6 декември 2018 |

Коха: Владата на Заев ќе падне во септември?!

Владата на Зоран Заев, се очекува да се соочи со гласање за доверба во септември, а тоа може да биде лошо доколку нацрт-законот за употреба на јазиците не добие зелено светло, пишува весникот Коха.

Или албанскиот јазик или гласање за доверба на Заев

Повикувајќи се на сигурни извори од партијата, Коха посочува дека СДСМ се обидува да го одложи донесувањето на Законот за јазици се до завршувањето на локалните избори, со цел да не им се остави простор на ВМРО-ДПМНЕ да го критикуваат Зоран Заев дека има спроведено двојазичноста во Македонија.

Сепак, овој обид нема да биде лесен за СДСМ. Висок партиски функционер од ДУИ за весникот изјавил дека партијата ќе побара гласање за доверба, доколку владата три недели по посетата на еврокомесарот Јоханес Хан, нацрт-законот за употреба на јазици не го стави како предлог во Парламентот.

-Хан доаѓа во Макеоднија, а тогаш Али Ахмети ќе го извести дека за законот за јазици можеме да почекаме една недела, две недели, па три недели … но ни ден повеќе . Нацрт-законот за употреба на албанскиот јазик со кој се согласивме со СДСМ, му овозможи на Заев да добие мандат и да формира Влада. Тој закон мора да биде ставен како предлог во Парламентот. Во спротивно, ДУИ ќе бара гласање за доверба на новата влада. Тоа не е притисок, туку беше главен услов на ДУИ со кој и се овозможи на СДСМ да дојде на власт и тој услов треба да се спроведе што е можно побрзо – изјавил за весникот Коха висок функционер од партијата на Ахмети.

Исто така, и лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села најави дека на оваа Владата и дава период од 100 дена, и ако не се исполнат предвидените цели, тогаш партијата нема да биде дел од неа.

Гласање за доверба на Владата доколку албанскиот јазик не се реши до октомври

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top