Буџетот има потреба од нови задолжувања, а на домашниот пазар има вишок на ликвидност и пониски каматни стапки, смета министерот за финансии Драган Тевдовски.
Иако СДС беше најголемиот критичар на владата на ВМРО-ДПМНЕ за задолжувањата на домашниот пазар, а ги повикуваше инвеститорите да не купуваат еврообврзница, со што се направи голема штета на буџетот, сега планираат повторно да ја задолжат државата.
Тевдовски потенцираше дека стабилизацијата на политичката состојба во земјата позитивно се одразила на меѓународните пазари и во моментов цената на некоја еврообврзница би била поевтина отколку што се плаќаше во минатото.
Но, дали и кога ќе биде издадена еврообврзница, ќе одлучат по ребалансот на буџетот.
Тевдовски додаде дека министерствата интензивно работат на прекројување на државната каса и се надеваат дека ребалансот ќе биде доставен во Собранието пред пратениците да заминат на годишен одмор.
За две недели откако е формирана новата влада Министерството за финансии преку две аукции на државни хартии од вредност се задолжи за 13,7 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.