Познатиот француски фитнес модел, Ребека Бургер, починала во неделата на бизараен начин во својата кујна. Трагичната вест за нејзината смрт ја потврдило нејзиното семејство кое открило дека по една незгода во кујната, Ребека добила сериозна повреда откако апарат за матење шлаг кој работел под висок притисок експодирал додека таа го користела, е еден негов дел завршил во нејзините гради.
– Со голема тага мораме да ви соопштиме дека Ребека почина во неделата на 18 јуни како последица од несреќа во кујната, напиша семејството на нејзиниот фејсбук профил.
Ребека била многу популарна на социјалните мрежи каде имала над 200 000 следбеници. На инстаграм семејството поставило фотографија од апаратот за матење на шлаг кој ненадејно експлодирал и завршил во нејзините гради.
Таа важеше за една од најсексапилните девојки во Франција, а имаше 33 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.