| четврток, 6 декември 2018 |

По само една сезона во Италија, Евер Банега се враќа во Севилја

Аргентинскиот играч од средината на теренот, Евер Банега летово ќе се врати во редовите на Севилја, пренесува италијански „Скај Спорт“. Тој минатото лето го засили Интер како слободен играч, но откако не успеа да обезбеди првотимски статус, се враќа во својот стар клуб.

Интер по завршувањето на сезоната доби нов тренер во името на Лучано Спалети, кој веднаш му соопштил на Банега дека во неговата визија за Интер нема место за него.

Ситуацијата ја искористи Севилја во чии редови Аргентинецот блескаше две сезони, освојувајќи две титули во Лига Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top