| четврток, 6 декември 2018 |

Илиоски до Заев: Како планирате македонскиот празник Илинден да се слави со друга држава?

Во вашиот говор кога ги образложувте вашиот предлог и дел од биографијата на замениците министри се повикавте на големи зборови што во последно време многу често ги слушме од вас како што се дебата, инклузивен процес, транспарентност и се надевам дека тие зборови ќе бидат преточени и во дело, истакна Илиоски на денешната собраниска седница.

-Јас сепак би се навратил на прашањето што го загатна мојот колега Антонио Милишоски, во врска со вашата последна посета на соседна Бугарија. Сами рековте дека ќе биде транспарентен, самиот рековте дека ќе бидете отворени за дискусија и би сакал, сепак, да ми одговорите на прашањето што го загатна мојот колега , што мислите за ставовите на вашиот заменик-министер за надворешни работи, која јавно ги изразуваше во јавноста –
потенцираше Илиоски.

Тој го праша премиерот Зоран Заев дали заменик-министерот за надворешни работи ќе се држи до ставовите и ќе нè нарекува ФИРОМ или ќе го смени мислењето.

-Граѓаните на Република Македонија заслужуваат да знаат какви договори ќе се потпишат со Бугарија, што е точно ветено и на кој начин се планира заедно да се слави македонски национлен-револуционерен празник Илинден со друга држава – праша Илисоки.

Тој на крајот доаде и праша дали Заев сметата дека националниот празник Илинден не е наш и припаѓа на друга држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top