Францускиот претседател Емануел Mакрон го обелодени составот на неговата нова Влада на премиерот Едуард Филип, во која се задржани политичата рамнотежа и паритетот со вклучување и на неколку политичари од редовите на десницата и левицата, јави дописникот на МИА од Париз.
Од новата Влада, во која доминираат членови на партијата Републиката напред (ЛРМ) на Макрон, заминаа четворица досегашни министри од редовите на центристичкото Демократско движење (МоДем), поради “аферите” за фиктивни вработувања на парламентарни асистенти. По парламентарите избори во неделата, на кои блокот на ЛРМ и МоДем освои апсолутно мнозинство во Националното собрание, Макрон формира во која сега има 30 члена, наспроти 23-та во претходниот Кабинет.
Досегашните министри за внатрешни работи Жерар Коломб, за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан и за економија и финансии Бруно Ле Мер, останаа на истите функции и во новата Влада. По заминувањето на тројца досегшни министри на МоДем – Франсоа Бајру за правда, Силви Гулар за одбрана и Мариел де Сарнез за Европа, оваа центристичката партија во новата Влада доби две министрски функции и тоа Жаклин Гурол како министер про Министерството за внатрешни работи и Женевјев Дариесек како државен секретар при Министероството за одбрана.
Првата седница на новата Влада ќе се одржи во текот на денешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.