| четврток, 6 декември 2018 |

Милан откри тајна за Северина-месечно и давав по 10.000 евра!

Откако Северина Којиќ изјави дека го изгубила бебето поради стрес за време на судската борба за старателство над синот, нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ реши да ја открие својата страна на приказната.

Српскиот крал на бакарот изрази жалење поради тоа што Северина го изгубила бебето, изразувајќи надеж дека таа и нејзиниот сопруг ќе имаат нова можност за дете. Напомена дека Севе не ја зборувала вистината кога рекла дека нивниот петгодишен Александар не го видел вкупно 18 месеци.

-Вистина е дека не го гледав синот, но тие периоди беа кратки. Според претходната пресуда, јас 250 дена во годината немав право да го гледам своето дете. Ми беше тешко. Мојата желба повеќе време да минувам со детето, ме водеше низ целата постапка -рекол за РТЛ, Поповиќ, која со одлука на судот постигна заедничко старателство со пејачката.

Српскиот крал на бакарот тврди дека на Северина месечно и давал 10.000 евра.
-Редовно плаќам алиментација. Инаку во тие таканаречени 18 месеци, за кои навистина не знам како ги пресметале, редовно плаќав издржување. Давав околу 75.000 куни(10.000 евра) месечно. Плус и помагав околу албуми, турнеи, настапи, клипови и се што е потребно – рекол Милан.

По тој повод се огласи менаџерот на Северина Томислав Петровиќ.

-Не е вистина дека Поповиќ  и плаќа на Северина алиментација во износ од 75.000 куни. Поповиќ плаќа алиментација во висина од 15.000 куни, а сите изјави за финансирање на нејзините работни актвиности се во насока на дискретирање на Северина, бидејќи таа од него тоа не го барала- рекол Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top