Министерот Јевтиќ на средбата истакнал дека е од исклучителна важност процесот за доброволно враќање на бегалците да почне годинава и дека Косово е подготвено да издвои пари за имплементирање на процесот. Тој потенцираше дека е потребно да се почне што поскоро имплементацијата на процесот на враќање на раселените и во таа смисла е потребно да се почне со изградба на првите куќи на Косово оваа година.
– Знам дека 14 години чекате конечно да се вратите на Косово. Тоа е исклучително долг период. Затоа ми е важно конечно да се почне со изградба на првите куќи за вас и вашите семејства. Условите, оние економските можеби не се идеални, но верувам дека кога повторно ќе бидете во своите домови ќе имате подобри услови за живот отколку овде како раселени. Затоа очекувам следниот пат да се сретнеме на Косово и заедно да положиме камен- темелник за вашите домови – изјавил министерот Јевтиќ во разговор со раселените косовски Роми во Шутка.
Според податоците на УНХЦР, 67 лица се регистрирани за доброволен повраток.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба