Институтот за судска медицина ја заврши обдукцијата врз телото на докторката што завчера беше најдена мртва во нејзиниот дом. По индукцијата се чекаат лабораториските резултати, кои треба да покажат дали таа била под дејство на алкохол или седативи. Сè уште се истражува дали се работи за самоубиство или за убиство, пренесува „Мкд.мк“.
Увидот на местото каде што таа беше најдена со убодна рана од кујнски нож во вратот и пресечени вени траел околу шест часа.
Надлежните органи од местото по добиената пријава околу 21 часот се упатиле на местото, до 3 часот по полноќ ги собирале доказите што ќе помогнат да се одгатне мистеријата дали некој му ставил крај на животот на лекарката или таа сама си „пресудила“.
Одговорот ќе се знае по комплетирањето на обдукциониот наод и анализите што ќе бидат испратени до надлежниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка