| четврток, 6 декември 2018 |

Жал ми е што Северина го изгубила бебето-Милан Поповиќ одговори на обвинувањата на пејачката

После гостувањето на Северина на РТЛ во емисијата Директ, во истата телевизија гостин беше и Милан Поповиќ кој одговараше на обвинувањата кои пејачката ги изнесе на негова сметка.

-Веднаш да ви кажам дека не сакам ништо лошо да кажам за мајката на моето дете и ако е вистина дека неодамна го изгубила бебето, поради стресот кој овој процес го предизвикал, многу ми е жал поради тоа. Тие се млади и сигурен сум дека ќе имаат нова можност за дете. Можам да замислам колкава е тагата и жалоста на едно семејство поради тоа – рекол Поповиќ.

Според него интревјуто на Северина било полно со невистина.

-Тоа како се чувствувала мајката и како ги преживувала тие моменти, тоа е само она како што таа го памети. Жал ми е ако тоа го сфатила како психичко злоставување, се надевам дека тоа ќе помине  и дека ќе воспоставиме нормална комуникација- додал Милан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top