Медиумите под контрола на Заев сѐ повеќе ги покажуваат своите двојни аршини кога станува збор за известување за ВМРО-ДПМНЕ како власт и известување за СДСМ како власт.
Секогаш кога Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за покривање на буџетскиот дефицит или за финансирање на јавниот долг, тоа се скандализираше и се претставуваше како огромен проблем, додека сега кога СДСМ се задолжува за истатата работа тоа се претставува како нешто сосема нормално.
„Државата во вторник повторно ќе се задолжи кај домашните кредитори, банки и осигурителни компании“ беше насловот на веста на Телевизијата 24, кога ВМРО-ДПМНЕ на 14 мај оваа година се задолжуваше, за сега еден месец потоа, кога владата на СДСМ се задолжува, истиот медиум истиот вид задолжување да го пренесува во јавноста како нешто сосема нормално и својствено, со насловот „Задолжување за раздолжување“.
Иако и во двете вести во текстот пишува дека задолжувањата се за раздолжување, преку насловите се тенденциозно избрани за да ја манипулираат јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.