Актерот откри нешто што ниту во најлуди сништа немаше да го очекуваме.
Холивудскиот актер Бред Пит во интервју за швајцарскиот магазин „Матен“ зборувал за неговата љубов кон француските села и тешкото совладување на францускиот јазик.
Пред неколку години, тој и неговата сопруга и колешка Анџелина Џоли купиле голем имот со виногради на југот на Франција.
-Живото на имотот во Прованса за мене е најубавиот дел од годината. Јас во суштина сум земјоделец,селанец. а не актер – изјавил Пит.
Овој „селанец во душата“ има план наскоро да води конверзација на француски јазик и целосно да и каже збогум на глумата и да работи земјоделие.
-Дајте ми уште една година и ќе ви одговарам на прашањата на француски јазик кога следниот пат ќе дојдам во Швајцарија. Тоа го велам, а поминаа веќе пет години од кога јас и Анџелина им ветивме на децата дека ќе научиме француски – кажа познатиот актер чии деца одамна течно зборуваат француски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.