Артуро Видал повторно се најде во центарот на вниманието на германската фудбалска јавност по одглумениот пенал за водство од 2-0 и осигурување на победата на Баерн над Вердер во полуфиналето од Купот на Германија. Чилеанецот падна како покосен на теренот иако немаше контакт со противничкиот дефанзивец, веднаш потоа Милер беше прецизен од белата точка, но токму стрелецот на голот беше најгласен во осудувањето на непрофесионалноста на Видал.
– Нема оправдување за такво однесување. Кога некој го прави истото против нас се чувствуваме бесни, сега Вердер има право да се лути – порача Милер.
Ставот на двојниот стрелец за Баерн го дели и тренерот на баварскиот гигант, Пеп Гвардиола.
– Воопшто не сакам вакви работи. Не постоеше пенал, не ми се допаѓа кога даваме гол на ваков начин, со судиски подарок. Во моментот ми се чинеше дека е чист пенал, но подоцна видов дека стануваше збор за глума – изјави Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)