| четврток, 6 декември 2018 |

Вниметелно при пазарување во фри-шоп: Во Македонија смеете да внесете литар жестоко, една штека цигари и еден парфем

Македонските граѓани кои веќе со години патуваат во странство доволно се запознаени со правилата што ги изискуваат граничните премини и царината, односно што можат да изнесат од земјава и колку, но и што можат да внесат, пишува Вечер. Една од страниците каде што можат да добијат детални податоци е и сајтот на Царинската управа на РМ, каде што точно може да се види која акцизна стока кога се увезува во земјава не се пријавува и не подлежи на плаќање увозни давачки.

Овие податоци само можат да им олеснат колку треба да им биде полна торбата кога пазаруваат во граничните продавници и фри-шоповите.

– Македонските и странските државјани при премин на границата, односно влез во Македонија, се ослободени од плаќање на увозни давачки како што е царина, ДДВ и акциза за стоката што ја купиле за лична употреба во текот на престојот во странската држава,а која истовремено е и личен багаж. Конкретно тоа може да бидат преработки од тутун и тоа 200 цигари или 100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр по парче) или 50 пури, или 250 грама тутун за пушење. Во дозволениот пренос на граница може да се пренесе литар жестоки алкохолни пијалаци кои се со процент на алкохол над 22% и алкохолни пијалаци со процент на алкохол што не надминува 22% како што е две 2 литри вино, стои на официјалниот сајт на Царинската управа на РМ.

Поединечно секој може да внесе по едно шишенце парфем од 50 мл или 250 мл тоалетна вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top