| четврток, 6 декември 2018 |

Викендов најмногу се шверцувало цигари, храна, текстил и лаптопи

Цигари, храна, текстил, лаптопи, индустриски производи, техника и фалсификати најмногу се шверцувале викендов, соопштија од Царинската управа на Република Македонија. Откриен е и еден случај на избегнати увозни давачки при увоз на машина за преработка на млеко  со погрешно тарифирање. Царинарниците откриле шверц на 324 килограми трпезно грозје, 45 штеки цигари, 40 килограми суџук, 50 килограми павлака, 10 килограми зачин „Вегета“, репроматеријал за текстилна индустрија, три лаптопи,потоа  тренерки и патики.

Царинските службеници од царинската испостава Скопје 2, при контрола на машина за преработка на млеко која фирма увозник од Скопје ја пријавила за увозно царинење утврдиле дека не се работи само за машина за преработка на млеко, туку само за нејзини делови кои се распоредуваат во посебни тарифни броеви со поголеми царински стапки и стака за ДДВ од 18%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top