| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на Сузана Зафирова во Јавна соба

Со 16 сликарски композиции во комбинација од неколку техники како и декоративни предмети на 21.јуни во 19:00ч  во Јавна соба ќе биде отворена изложбата “Мост”  на Сузана Зафирова. Влезот за сите посетители е слободен.

Изложените уметнички слики се дел од творечкиот циклус „Заѕиданата невеста“ во кој Сузана се осврнува на големината на жртвата која произлегува од состојбата на безизлезност. Од денешна перспектива, на саможртва направена во минатото може да се гледа како на инвестиција за добробит во сегашноста.

Покрај 16 уметнички слики на авторката, на изложбата ќе бидат понудени и повеќенаменски декоративни предмети. Предметите се украсени со апстрактни и флорални мотиви во живи бои и експлозивни контрасти и нивната употреба е ограничена само со вашата фантазија.

Сузана Зафирова дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Љубљана во 1977 година. Во текот на 15 тематски циклуси има одржано над 40 самостојни изложби во земјите во регионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top