| четврток, 6 декември 2018 |

Заев на средба со Груевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во договореното време на средба  со премиерот Никола Груевски во Владата.

Заев дојде сам, на покана на Груевски откако премиерот во вторникот во телефонски разговор му ја честиташе победата на партискиот конгрес на СДСМ и го покани на средба.

Груевски уште на самиот почеток го праша Заев како планира да функционира како граодначалник на Струмица и лидер на СДСМ со седиште во Скопје. Заев му одговори дека има одличен кооррдинатор на месната заедница во Струмица кој најверојатно успешно ќе го заменува додека тој ги обавува обврските на лидер во главниот град.

Повеќе детали се очекуваат по договорениот состанок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top