| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски треба да ги елиминира професионалците кои работеа на случаи против криминалците и наркодилерите блиски до Заев

Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на назначувањето на Оливер Спасовски за потпретседател на СДС.

Од партијата забележуваат и птсетуваат дека Заев и другите челници на СДС додека беа опозиција го проблематизираа фактот што Гордана Јанкулоска беше и министер и партиски функционер, а сега на дело покажуваат дека едно е СДС во опозиција, а друго е СДС на власт.

„Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДС ветуваше пред избори, тој сега е унапреден во потпретседател на СДС. Оливер Спасовски е назначен за поптпретседател на СДС бидејќи треба да ги реализира нарачаните партиски чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои во изминатиов период работеа на случаите против криминалците и наркодилерите блиски до Заев.

Граѓаните јасно гледаат дека преклопувањето на партијата со Министерството за внатрешни работи е дел од стратегијата на СДС да ги стави под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем. Оваа стратегија започна со заканите кон судиите за генерален реизбор, а продолжи со иницијативата на Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“. Со ова Заев сака да се спаси себе си од кривично гонење и процесуирање на кривичните пријави против него и луѓето блиски до него“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најголемата опозициска партија ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не пред партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top