| четврток, 6 декември 2018 |

Преполна сала и овации во ХНК Загреб за актерите на МНТ и претставата „Животот е прекрасен“

За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“. Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност

Вчеравечер, на 18 јуни, со почеток во 19.30 часот, Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов, а во рамките на 41. издание „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“, настапи на големата сцена во Хрватско народно казалиште, Загреб. Преполната сала со овации ја награди актерска екипа од „Животот е прекрасен“. Судејќи по аплаузот на публиката и коментарите, актерите претставата ја одиграле маестрално.
За гостувањето на МНТ во Загреб имаше голем интерес така што билетите беа распродадени неколку дена пред изведбата. Организаторите на овој престижен фестивал и театарската критика имаа само пофални зборови за „Животот е прекрасен“. Огромните овации и аплаузи се потврда за тоа како беше прифатена претставата од хрватската публика и јавност.
Големиот фестивал „Денови на сатирата Фадил Хаџиќ“ и оваа година успешно ги собра најдобрите 15 комедиографски и сатирични дела од хрватската театарска продукција како и истакнати продукции од Словенија, Германија, Македонија, Србија и Црна Гора.
Фестивалот е во организација и реализација на Сатиричниот театар „Керемпух“ од Загреб.
41. издание се отвори на 2 јуни, а организаторите на фестивалот очекуваат повеќе од 300 изведувачи и учесници, затворањето е во недела на 21 јуни со доделувањето на наградата 41. „Денови на сатира Фадил Хаџиќ“, а оценката за нјадобра претстава ќе ја даде комисијата во состав: Бојана Радовиќ, театарска критичарка во Вечерен лист, драмскиот уметник Ливо Бадурина и драмскиот писател Томислав Зајец.
Претставата „Животот е прекрасен“ во мај гостуваше во Будимпешта на престижниот фестивал МИТЕМ  на сцената на  Националниот театар на Унгарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top