| четврток, 6 декември 2018 |

Морфов ја враќа изгубената смисла за живот со „Животот е прекрасен“

Со овации и долг аплауз беше поздравената големата актерска екипа која учестува во претставата. Најгласни и најзаслужени секако беа аплаузите за Никола Ристановски, Николина Кујача и Ѕвезда Ангеловска кои ги толкувааат главните ликови

Светски познатиот театарски маг Александар Морфов (55) со претставата „Животот е прекрасен“, чија гала-премиера беше одржана синоќа на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) ја враќа изгубената смисла за живот. Вистнско уживање е да се гледаат неговите претстави. Како да не се од овој свет и од овој век. Иако претставата трае повеќе од три часа, актерите успеваат да ја држат тензијата. Динамична, атрактивна со текст кој не те остава рамнодушен, „Животот е прекрасен“ е претстава која долго ќе трае на репертоарот на МНТ. Со голема, масивна, впечатлива сценографија, како на филм, а во исто време и функционална, те носи во некое друго време, а сепак, блиско. Сценограф е Бугаринот Никола Тороманов.

Животот е прекрасен1

Со овации и со долг аплауз беше поздравената големата актерска екипа која учестува во претставата. Најгласни и најзаслужени, секако, беа аплаузите за Никола Ристановски, Николина Кујача и Ѕвезда Ангеловска, кои ги толкувааат главните ликови.

Во другите улоги настапуваат: Сашко Коцев, Тања Кочовска- авловска, која гостува од Театарот за деца и младинци, Емил Рубен, Гораст Цветковски, Славиша Кајевски, Никола Ацески, Александар Ѓорѓиоски, Арна Шијак, Тина Трпкоска, Александар Микиќ, Никола Стефанов, Кире Ѓоревски, Александар Михајловски, Марија Новак, Драгана Левенска, Никола Кимовски, Марија Минитрова, Анастазија Христовска, Соња Крстевска.

Животот е прекрасен2

Нема утка кога Марија Папучевска ги прави костимите, а кореограф е Инга Красовска од Латвија.

Пред премиерата директорот на МНТ, Дејан Пројковски, изјави дека секој човек и секој театар треба да сонува за да стигне до одредена цел. За него „Животот е прекрасен“ е остварување на еден голем сон на МНТ да создадат претстава со Морфов и со ансамблот на МНТ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top