Во организација на амбасадата на Унгарија во Скопје, Здржението на унгарците „Теледом“ и Книгоиздателството „Матица македонска“, во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, денеска (понеделник,19 јуни) во 19 часот ќе биде промовирано монографското издание „По нив остана празнина“,посветено на прогонетите петстотини и шеесет Унгарци, кои свое засолниште во 1956 година ќе најдат во Крушево.
На страниците од изданието поместени се потресни сведоштва на познати личности кои говорат за многу аспекти од престојот на раселените унгарски семејства, како и за пријателството меѓу Македонците и Чнгарците.
За значењето на монографијата ќе говорат амбасадорот на Унгарија во Република Македонија,д-р Ласло Дукс, како и уредниците на делото Ѓула Шомоѓи, Јожеф Шутуш, Кочо Топузовски и Никола Јовановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.