| четврток, 6 декември 2018 |

Синот го воодушеви целото семејство-Швајнштајгер го покажа малиот наследник

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер и неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана се под будно око на јавноста која нестрпливо исчекува вест за принова.

Додека неколку пати се појавуваа информации дека убавата Ана е во благословена состојба, таа мудро молчеше.

Семејството на Бастијан никогаш во јавноста не се огласуваше по овој повод, ниту пак зборуваа за желбата за уште еден член.

Сепак нивното срце го освои малото момче, кој е веќе главна ѕвезда на популарното семејство.

Имено, родениот брат на Бастијан, исто така фудбалер, Тоби, пред неколку години доби син, кој веќе сега покажува интерес за најпопуларниот спорт со топка.

Додека Ана и Бастијан се решат за зголемување на семејството, вниманието им го окупира овој мал иден фудбалер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top