Откако ќе заврши со обврските на Ролан Гарос, Ана Ивановиќ доаѓа во Србија заедно со вереникот Бастијан Швајнштајгер за да ги заврши последните подготовки пред венчавката.
– Свадбата е планирана во Србија и во Германија, а првата веселба ќе биде во Белград во хотелот „Хајат“ на 5 јуни кога се поканети 300 гости. Нив ќе ги забавува групата „Тропико бенд“ бидејќи невестата нив ги обожува. Во Белград ќе допатуваат и родителите на Бастијан. По венчавката двојката ќе остане неколку дена во Белград, а потоа Ана заминува на Вимблдон, велат извори блиски до невестата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.