| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо му го подарува Швајни на Шалке?

Bastian-Schweinsteiger-Светскиот шампион со Германија, Бастијан Швајнштајгер (31) е меѓу деветмината непосакувани од страна на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Според медиумите на Островот уште во четвртокот Специјалниот лично им кажал на Швајни, Фосу-Менса, Макнер, Блакет, Бортвик-Џексон, Андреас Переира, Аднан Јанузај, Вил Кин и Џејмс Вилсон дека нема да смета на нив и ги испрати да тренираат со младинскиот тим на Јунајтед, додека си средат трансфери.

Според „Билд“, Швајнштајгер веќе бил предложен на Шалке со слободен трансфер, иако има договор на „Олд Трафорд“ до 2018 година. „Кралско-сините“ имаат итна потреба од човек во центарот на теренот, но не е јасно дали воопшто Швајни има намера да се враќа во Бундеслигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top